Bible

Simplify

Your Church Tech & Streamline Your Worship

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

2 Corinthians 12

:
Macedonian - 1990
1 Да се фалам, немам полза, но ќе минам кон виденија и откровенија Господови.
2 Знам еден човек во Христа, кој пред четиринаесет години, со тело ли, не знам; без тело ли, не знам: Бог знае, беше грабнат и однесен до третото небо.
3 И знам дека тој човек, со тело ли, или без тело не знам: Бог знае,
4 беше грабнат и однесен во рајот и дека чул неискажливи зборови, кои што човек не може да ги искаже.
5 Со таков човек ќе се пофалам; но со себеси нема да се пофалам, освен со моите слабости.
6 Ако, пак, посакам да се фалам, нема да бидам безумен, зашто ќе кажам вистина; но јас се воздржувам, да не би некој да помисли за мене повеќе, отколку што во мене гледа, или од мене слуша.
7 И, за да не превознесувам со премногу откровенија, во телото ми се даде трн, ангел сатанин, да ме боцка по лицето, та да не се превознесувам.
8 Затоа трипати Го молев Господа да го отстрани од мене.
9 Но Он ми рече: »Доста ти е Мојата благодат, бидејќи Мојата сила наполно се покажува во слабоста«. Затоа со многу поголема радост ќе се фалам со своите немоќи, за да се весели во мене силата Христова.
10 Затоа добро ми е во слабостите, во навредување, во маки, во прогонување, во тага за Христа, оти кога сум слаб, тогаш сум силен.
11 Станав безумен со фалбите свои: вие ме принудивте. Вие требаше да ме пофалите, зашто со ништо не сум подолен од врховните апостоли, иако сум ништо.
12 Зашто белези апостолски се извршија меѓу вас во секое трпење, во знаци, чудеса и сили.
13 Оти, по што станавте подолни од другите цркви, освен по она, што јас не ви дотегнав? Простете ми ја таа грешка!
14 Еве, по третпат се готвам да дојдам при вас, и пак нема да паднам на ваш товар; оти јас не го барам вашето, туку вас: децата не се должни да собираат богатство за родителите, туку родителите за децата.
15 А јас на драго срце сѐ ќе жртвувам и ќе се жртвувам себе за вашите души, иако, сакајќи ве премногу, вие многу помалку ме сакате.
16 Но нека биде така! Јас не ви додевав; само бидејќи итар, ве добив на измама.
17 Да не би да сум ве искористил преку оние, што ги испраќав при вас?
18 Го замолив Тит, а со него го пратив и еден од браќата. Да не би Тит да ве исползувал во нешто? Не одевме ли со ист дух? Нели по истите стапки?
19 Пак ли мислите дека пред вас се оправдуваме? Ние зборуваме пред Бога, во Христа, и сето тоа, возљубени, е за ваше издигање.
20 Бидејќи се плашам, да не би, кога ќе дојдам да ве најдам не такви, какви сакам; а и вие да ме најдете таков, каков што не сакате: да не би меѓу вас да има кавги, завист, гнев, гордост, раздор, клевети, охолост, бунење;
21 да не би пак, кога ќе дојдам при вас, да ме унизи мојот Бог, и да плачам за мнозина, кои погрешиле порано и не се покајале за нечистотијата, блудството и срамотата, што ги направиле.